Нашиот стручен тим има долгогодишно искуство во областа на транспортот од 1995 година како оделение кое делуваше во склоп на матичната фирма АГРОИНВЕСТ Д.О.О. Од 2009 година дејствува како посебен правен субјект основан од АГРОИНВЕСТ Д.О.О специјализиран за транспорт и логистика.

Брзина, прецизност, професионализам и доверба се клучните атрибути во реализирање на транспортните потреби на нашите почитувани клиенти на Балканскиот и Европскиот транспортен пазар.

Највредниот ресурс со кој можеме да се пофалиме се стручните кадри во секоја област на нашата организација кои овозможуваат брзо, ефикасно и квалитетно решение за транспортните потреби на нашите клиенти. Раководните функции ги извршуваат кадри со повеќегодишно работно искуство, соодветно образование дополнето со сертификати за стручна компетентност согласно законската регулатива на Р.Македонија.